Интернет прегледникот на Google, Chrome наскоро би можел да добие нова можност за блокирање на огласувачки содржини кои трошст премногу ресурси.
Опцијата наводно се развива под името Heavy Ad Intervention, а засега е планирано блокирање на рекламни содржини кои користат повеќе од 4 MB податоци и зазема CPU ресурси 60 или повеќе секунди.
На корисниците ќе им се прикаже известување за отстранета рекламна содржина, со појавување на посебно копче “Детали”, на чиј клик ќе биде можно да се дознаат повеќе податоци за отстранетата содржина.
Треба да се напомене дека оваа информација потекнува од новиот Chromium commit од страна на тимот на Google кој го развива Chrome, што значи дека оваа опција може, но и не мора да биде имплементирана во конечната верзија на интернет браузерот Chrome.