Засега нидентификуван објект што е можно да бил ракета, паднал во утринските часови денеска северно од Никозија. Нема повредени во експлозијата при пад на земјата, јавија медиумите во Никозија.
Лидерот на кипарските Турци Мустафа Аканџи го поврза инцидентот со воените оиперации на Блискиот исток.
Според кипарскиот весник Филелефтерос станува збор за противвоздушна ракета С-200 од руско производство или за беспилотно летало.
Весникот објави дека израелски воени авиони нападнале цели во Сирија во кои загинаа четири луѓе и 21 се ранети.