Од денес почна примената на владиниот проект наречен „Мој ДДВ“, со кој граѓаните добиваат можност за поврат на 15 отсто од платениот данок на додадена вредност.
Можноста за поврат на 15 отсто од ДДВ ќе биде достапна за сите граѓани со наполнети 15 години што се регистрирани во системот на Управата за јавни приходи. Тие ќе треба да ги земат фискалните сметки на продажните места и да ги скенираат со помош на мобилен телефон и да ги испратат на апликацијата.
Поради тоа што поголем дел од граѓаните денес неможат да ја пронајдат апликацијата „МојДДВ“ на официјалната платформа Google Play, во продолжение можете да го пронајдете линкот кој носи до истата и можете да ја превзмете.
Апликацијата може да ја преземете ТУКА. Засега апликацијата е достапна само за Android.