Руските инжeнери од заводот „ОКБ-Планета“ направија пасивна радарска станица „Тропа“ невидлива за авиони и извидувачки дронови.
„Идејата е едноставна: радарот користи рефлексии од телевизиската и мобилна врска. Тој работи на прием на сигнали, а ништо не емитува, значи не се гледа и не се слуша“, соопшти за РИА „Новости“ генералниот директор на заводот „ОКБ-Планета“ Александар Петров.
Станицата веќе помина успешни испитувања, фаќајќи сигнали на авиони, кои се одбиле од комуникациските кули во градските квартови.
„Интересенти веќе има”, рече Петров. Според него, тоа не се само безбедносните структури, туку и приватни клиенти, кои сакаат да ја обезбедат својата приватна сопственост и не сакаат „да ги надгледуваат дронови”.
Извор: Russia Beyond