Корисниците изгледа не може туку-така да веруваат дека сите апликации во Google Play Store се безбедни.
Токму ова го докажува истражување што било спроведувано дури две години. Универзитетот во Сиднеј пронашол околу 2.040 штетни и злонамерни апликации на популарната платформа за андроид уреди.
Во истражувањето биле анализирани еден милион апликации во продавницата Google Play. Притоа детектирани се голем број лажни апликации, апликации за кои е потребен пристап до многу приватни податоци за корисниците, а интересно е дека меѓу ваквите апликации спаѓаат и некои популарни игри, вклучувајќи ги Hill Climb Racing или Temple Run. За успешно да се анализираат толку многу апликации, истражувачите користеле методи на машинско учење.
Алгоритмите откриле дури 49.608 потенцијални закани. Потоа, со користење на VirusTotal софтверот, 7.246 апликации биле карактеризирани како злонамерни, додека 2.040 од нив биле оценети како лажни или високо ризични.