Huawei значително ги намалил нарачките на своите паметни телефони од висока класа, со оглед на тоа дека кинеската компанија очекува значаен пад на продажбата во претстојните месеци, како последица од забраната која ја вовела американската администрација.

Според предвидувањата на Huawei, очекуваниот пад на продажбата би можел да достигне дури 60 проценти, поради што била донесена одлука бројот на нарачки на уреди да се намали, наведува сајтот Digitimes Research во последниот извештај.

Првите паметни телефони кои ќе се најдат на мета на оваа одлука се најскапите флегшип модели на Huawei, уреди кои припаѓаат на актуелната P30 и претстојната Mate 30 серија.

По одлуката за забрана на работењето американските IT компании со Huawei, кои ги иницирал американскиот претседател Доналд Трамп, кинеската компанија е се поупорна во обидите да, во што поголема можна мерка, да ја намали зависноста од американските компании и што повеќе компоненти да произведува сама.

Huawei наскоро би требало да го претстави и својот оперативен систем Hongmeng, кој на глобалниот пазар би требало да се најде во 2020-та година, под име Ark OS.

Технолошкиот гигант од Шенжен, како и другите кинески IT компании редовно го следат развојот на политичката ситуација во економските односи на Кина и САД.

Тие, меѓутоа, не очекуваат премногу од новата средба од Доналд Трамп и кинескиот претседател Кси Џинпинг, на која можеби ќе биде постигнат нов трговски договор кој би можел да биде поповолен за Кина.

Извор: B92.net