Од денеска, после скоро 5 години постоење, МојВоздух добива комплетно редизајнирана верзија. Со прекрасен интерфејс кој што се стреми да им помогне на корисниците да подобро го разберат загадувањето, до нашата нова маскота Воздушко кој ја едуцира помладата публика за загадувањето и важноста на чист воздух!
МојВоздух започна како иницијатива во 2014 година, и од тогаш има над 100.000 корисници низ Македонија и Србија. Годинава, МојВоздух ќе се прошири низ балканот (започнувајќи со Косово), и наскоро се надеваме дека ќе може да ја покренеме свеста на што повеќе граѓани околу штетата од загадувањето на воздухот.
Но тука не запираме. МојВоздух и понатаму ќе се стреми да воведува повеќе едукативна содржина, како и повеќе можности како граѓаните да ги преземат работите во свои раце и да ја подобрат животната средина.
Се надевам дека со ова им испраќаме порака на надлежните институции дека притисокот нема да запре се дур не димеше сите чист воздух!