На полето на USB технологијата и растот на брзината на трансфери, константно се сретнуваме со активни подобрувања и унапредувања.
USB 3.0 технологијата се појави кон крајот на минатата деценија, а во 2013. година го видовме и 3.1 стандардот, кој донесе уште поголема брзина на трансфер.
Сега дојде ред да се појави и нивниот далеку понадмоќен наследник – USB4.
Веста дека новиот стандард ќе се појави веќе следната година доаѓа од еден од вработените во USB Promoter групата, така што се работи за проверена информација.
Тој откри дека моментно работи на составување на почетните спецификации на новиот стандард, што поминува многу добро, поради што веќе наредната годин во продажба ќе бидат уреди кои го поддржуваат овој стандард.
Дополнителни детали се уште не се откриени, па се уште не е позната брзината на трансферот.
USB4 дефинитивно ќе биде побрз од USB 3.0 и неговите варијации, кои во изминатиот период станаа доста конфузни и тешки за следење.