Гласините кои пристигнуваат од Кина сугерираат дека Sony планира да влезе на пазарот на флексибилни телефони. Иако компанијата останува на смартфон пазарот во само четири региони, се верува дека Sony ќе го објави својот прв свитлив телефон во рамките на Xperia F брендот.
Xperia F уредот, според извештајот, би требало да се појави во текот на 2020. година, а F во името е ознака за foldable, односно склоплив/свитлив. Исто така, се споменува дека телефонот ќе го користи флексибилниот OLED дисплеј панел на Samsung, можниот ист оној кој јужнокорејската компанија го користи за Galaxy Fold.
Гласините споменуваат дека Sony ќе го задржи фокусот на долгите дисплеи, какви што можевме да видиме на најновите модели на компанијата и кој ќе го карактеризира и флексибилниот уред. Се истакнува дека телефонот ќе има 21:9 однос на страници, но не е познато дали ќе ја задржи и 4K UHD резолуцијата како Xperia 1.