Еден од само неколкуте преостанати Apple I компјутери кои се наоѓаат во акт-ташни, и кој Стив Возниак рачно ги направил во 1976 година, е продаден на аукцијата на Christie’s. Овој компјутер се наоѓа во кожна торба, заедно со вградена тастатура, а достигна цена од 471.000 долари.
Apple I немал сопствено куќиште. За 666 долари се добивала матична плоча со тастатура, спремна да се поврзе на телевизор, а за нејзина заштита и куќиште купувачите морале сами да се погрижат. Во одреден момент, некој помислил дека вметнувањето на овој компјутер во работна чанта може да биде добро решение и така Apple I го направиле пренослив.
Со Apple I, на аукцијата било пронајдено и оригинално упатство, повеќе списанија во кои е претставен Apple I, фотокопии од оригинални Apple I развојни документи, како и компатибилен хардвер (како што е SWTPC PR-40, матричен принтер).
Извор: PC Press.rs