Sony ги објави своите бизнис планови за фискалната 2020 година, која ќе заврши на 31 март 2021. Компанијата објави дека целта е мобилната единица да генерира профит за овој период, а за таа целта оперативните трошоци ќе бидат редуцирани за 50%. Можеби поинтересниот дел од соопштението е фокусот на одредени пазари и соодветно напуштање на други. Sony рече дека Јапонија, Европа, Тајван и Хонг Конг ќе бидат во фокусот на вниманието. Ова во пракса значи дека јапонскиот гигант ќе престане да посветува посебно внимание на остатокот од светот.
Меѓу пазарите, што ќе останат во заден план, се Индија, Австралија, Канада, Јужна Америка, Мексико, Африка и Блискиот Исток. Во пракса, Sony веќе извесно време ги ограничува своите активности во овие региони, но сега имаме официјална потврда за постепеното повлекување на компанијата од нив. Sony, исто така, не очекува да ги подобри продажбите на своите паметни телефони во блиска иднина.
Во исто време, Извршниот директор Кеничиро Јошида наведува дека телефоните се составен дел од производите на компанијата и таа нема да се откаже од нив. Според него забавата е главен фокус на Sony од нејзиното основање, а компанијата гледа на телефоните како на хардвер за забава и како на важна компонента од хардверските нејзините производи.
„Младата генерација веќе не гледа телевизија. Нивниот прв контакт до забавата се смартфоните“, дополнува Јошида.