Volkswagen продолжува со постепено откривање на новата генерација на Golf
Судејќи според досегашните информации, новиот Golf ќе донесе револуционерни вести пред се однатре, додека надворешно ќе биде еволуција на веќе познатото.
Како што се очекуваше, новиот Golf ќе добие форма на благ хибрид преку 48-волтен ременски придвижуван стартер-генератор. Исто така, системот има интегриран електричен мотор кој обезбедува регенерација во генераторски режим и дополнителен импулс на моќност при работа на моторот. Во генераторски режим, енергијата ќе се складира во Li-ion батерискиот состав лоциран под совозачкото седиште, засега со непознат капацитет.
Веднаш штом возачот ќе ја тргне ногата од педалата за гас, бензинскиот мотор ќе се исклучи и струјата ќе ја преземе работата за одржување на брзината. Трансферот е избалансиран, а донесува 0,4 l / 100 km заштеда, барем како што тврдат од Volkswagen. Првично, ќе се нуди исклучиво на 1.0 и 1.5 TSI моторите.
Извор: Додај Гас