Корисниците на еден од најпопуларните интернет сервиси YouTube пријавија проблеми при користењето од ноќеска. Тоа го потврди и сајтот Даундетектор (Downdetektor), кој ја следи работата на популарните интернет ресурси.
Пораките почнале да доаѓаат кратко време по 2 часот утрово.
Корисниците најчесто се жалат на проблемите со вклучување содржини (73 проценти). Уште 14 отсто не можат да се најават на свој акаунт, додека други 12 отсто пријавуваат некоректна работа на страницата.
Проблемите на YouTube биле забележани низ целиот свет, вклучувајќи ги САД, Украина, Јапонија, Франција,Русија, Германија, Велика Британија, Бугарија и Романија.