Redmi се подготвува за претставување на својот прв флегшип смартфон, а тоа е Redmi K20.
Подбрендот на Xiaomi објави тизер на претстојниот уред и потврди дека ќе биде претставен на 28. мај. Компанијата спомена две спецификации на социјалната мрежа Weibo, а тоа е камерата на Sony (IMX586) од 48 мегапиксели и pop-up селфи камера.
Главната камера од 48 MP им овозможува на корисниците да добијат фотографии со целосна резолуција во текот на денот, но користи технологија на бинување на пиксели за да креира посветли фотографии од 12 MP во услови на послабо осветлување. Ако камерата е слична на оние кои ги имаат Redmi Note 7 и Xiaomi Mi 9, тогаш можат да се очекуваат фотографии со респектабилен квалитет.
Од друга страна, pop-up селфи камерата му овозможува на Redmi да го искористи целиот екран наместо да има засек или отвор за камерата.