Facebook враќа во употреба доста корисна опција која во минатото предизвика огромен проблем за компанијата и за корисниците.
Facebook најави дека ја враќа функционалноста на копчето „View as” („Види како“). Станува збор за безбедносна функција што на корисниците им овозможува да видат како изгледа нивниот профил за луѓе што не им се пријатели. Корисниците ќе можат лесно да направат промени на нивните јавно достапни информации со новото копче „Уреди го јавниот профил“ (Edit Public Profile).
Today, we're making it easier for people to manage their publicly visible information on Facebook with two updates: (1) we’re bringing back the “View As Public” feature and (2) we’re adding an “Edit Public Details” button directly to profiles. pic.twitter.com/zI5bVwodjp
— Facebook (@Facebook) May 14, 2019
Копчето „View as” беше едноставен и корисен начин за прегледување на вашиот јавен достапен профил. Тогаш зошто Facebook го укина?
Во септември 2018 година Facebook објави дека се хакирани 50 милиони профили, а подоцна откри дека хакерите имале пристап до личните информации на 29 милиони корисници. Хакерите биле спамери кои се обидувале да добијат лични информации за маркетинг. Хакерите го направиле тоа преку ранливоста на копчето „View as”. Затоа, додека Facebook ја ажурираше платформата, ја укина оваа опција.