Во текот на I/O конференцијата за програмери, Google објави повеќе детали за својата наредна верзија на Android оперативниот систем. Оперативниот систем моментно се наоѓа на повеќе од 2,5 милијарди активни уреди. Во прашање е десетта верзија на платформата, но Google не го објави финалното име, па засега го користиме името Android 10 Q.
Android Q ќе пристигне со поддршка за свитливи формати, подобрувајќи ги и адаптирајќи се на различните димензии на екранот. Тука е функцијата Screen Continuity, која овозможува да се продолжи дејството кое е прекинато во текот на расклопувањето или преминот на друг екран. Новиот Android ќе поддржува и 5G решенија.
Google оваа година ќе ги преработи и гестовите за навигација и ќе го отстрани навигациското мени. Овој пат ќе имаме full-screen гестови, со дополнителен простор за апликациите.
Live Caption ќе биде нова функција, покренувана со machine learning технологијата, а го прави токму она што го кажува името – ги обележува работите во живо. Функцијата ќе работи за било која медиска содржина која репродуцира звук на оперативниот систем (видео, подкаст, аудио пораки).
Темниот режим станува многу популарен кај корисниците, а во последниот период тој стана достапен кај Facebook Messenger, Google Chrome и уште неколку популарни апликации.
За почеток, темниот режим на Android Q е многу лесен за активирање. Првата опција, секако, е да пристапите до него преку слегувачкото мени од врвот на екранот, кое е наменетно за брз пристап до одредени функции. Оттаму, изберете ја опцијата која е илустрирана со мало кругче во црна и бела боја.
Алтернативно, можете да го активирате темниот режим преку менито Settings. Најдете ја опцијата Display, притиснете на копчето Theme и потоа одберете помеѓу Light Theme или Dark Theme
Smart Reply е исто така функција која ја покренува machine learning, но без прекина работи на сите апликации за размена на пораки во рамките на Android Q, нудејќи сугестии за одговори и акции.
Новиот Android ќе има и речиси 50 нови карактеристики кои се фокусираат на приватност и безбедност. Со Project Mainline, некои интерни компоненти ќе се ажурираат во позадина, преку Google Play и без потреба за рестартирање или целосно системско ажурирање. Ова ќе овозможи побрза надградба, за сигурност и приватност.
Новата Android Q бета моментно е достапна на 21 телефон и 13 брендови, вклучувајќи ги сите Pixel уреди.