Искажувањето на можностите на производот, ако тоа не се однесува директно на техничките карактеристики, туку на описни изјави, често им дава простор на производителите за “мамење”, додека купувачите може да ги доведе во забуна. Ако на кутијата на телефонот пишува дека батеријата му е со капацитет, на пример 2658 2658 mAh, тогаш во тоа немаме причини да се сомневаме, но кога во маркетиншките материјали се наведува “до 25 часа разговор”, треба да се биде внимателен во интерпретацијата.
Тоа го потврди најновото истражување на британскиот магазин Which? кој се занимава со тестирање на разноразни производи. Овој пат собраа над 50 телефони од најпопуларните производители и им ги измерија вистинските карактеристики, кога станува збор за бројот на часови на телефонирање со едно полнење на батеријата. Тестирани се уредите на компаниите Apple, HTC, Nokia, Samsung и Sony. Од секоја марка земени се најмалку шест модели на кои се извршени тестови и потоа резултатите се споредувани со она што го велат производителите.
We compared the claimed average talk time for popular phones with results from our test labs and found Apple and HTC overstated how long their phones would last.
Check out our full smartphone battery results here: https://t.co/RXKoiRRNBQ
— Which? (@WhichUK) May 4, 2019
Резултатите се прилично интересни. Apple и HTC се покажаа “лажливи”, односно нивните смртфони пружале помалку време на разговор, отколку што тоа е официјално наведено. Apple притоа беше далеку најлош – нивните телефони на тестот овозможувале од 18, па дури до 51 проценти помалку часови разговор, за разлика од она што е наведено на пакувањето. iPhone XR е обележан како модел, кај кој Apple најмногу ги преценил можностите на батеријата: наместо најавените 25 часа разговор, издржал само 16 часа и 32 минути, што ги дава тие 51 процент разлика.
Моделите на HTC во просек издржале 19,6 часа, наместо 20,5, колку што наведува производителот. Од друга страна, Nokia, Samsung и Sony постапиле целосно поинаку – дури и ги потценија можностите на своите уреди, па телефоните во просек нуделе околу 21 процент подолго време на користење.