Русија е чекор поблизу до создавање на сопствен интернет, одделен од остатокот од светот. Претседателот Владимир Путин потпиша закон за создавање на национална мрежа која би функционирала независно од глобалниот интернет.
Новиот закон има за цел да ја заштити Русија од странски ограничувања преку создавање на „одржлив, безбеден и целосно оперативен” локален интернет.
Меѓутоа, засега, рускиот интернет се уште е во доменот на теоријата, а потпишаниот закон ќе стапи во сила во ноември, објавија европските медиуми.
Законот, исто така, бара воспоставување на центар за управување и следење, контролиран од страна на руската агенција за телекомуникации „Roskomnadzor“.
Поврзани артикли