Со цел да им обезбеди поголема приватност на своите корисници Google претстави нова алатка со којашто автоматски ќе се бришат податоци.
Историја на локации каде што се престојувало, како и историја на пребарувани веб страници, апликации и слично ќе „исчезнат“ по три или 18 месеци, односно како што ќе одбере корисникот. Алатката ќе биде достапна за неколку недели и како што велат од Google ќе им заштеди и време на корисниците кои досега ги бришеа овие податоци „рачно“. Овој потег следи по се поголемата загриженост за онлајн приватноста, а и останатите технолошки компании се приклучуваат кон иницијативата за онлајн безбедност