Иновациите „Елиф” и „Мелиф” на иноваторот Борис Секрарски освоија златен медал на манифестацијата „ARCHIMEDES” во Москва и на натпреварот за иновации во Бања Лука, по повод 26 април – Денот на патент на годината.Наградата во Москва на Саемот на технологијата што се одржа кон крајот на март, Секирарски ја добил во конкуренција од 850 експонати.

-Како дел на учеството на Здружението НАИМ (Националната Асоцијација на Инвентори на Македонија) имаше свои претставници и Македонскиот патент, системот за известување за лошо време на овој саем беше награден со златен медал. Истиот систем популарно познат како „Елиф” и „Мелиф” („Мелиф” е апликацијата за мобилни уреди со слична намена), три недели подоцна доби награда и во Бања Лука на Саемот за инвации, изјави Секирарски.

Наградите им се врачени на добитниците на свеченоста – Патент на годината, што се одржа во Скопје на 25-ти овој месец, а по повод Светски Ден на интелектуалната сопственост.

Овие две награди системот „ЕЛИФ” на авторот, метеорологот Секирарски ги доби по златниот во Скопје и сребрениот во Загреб.

Системот за корисникот на улица или среде селска населба e четирибоен семафор кој во последните моменти испраќа сигнал во вид на црвено трепкање кога почнува опасноста од брзи поплави, а трепка жолто кога силните врнежи ќе продолжат. Сино трепка кога е општа поплава (пример цела котлина) и со бела боја покажува дека уредот е исправен и прима податоци од серверот. МЕЛИФ е мобилна апликација за андроид уреди за лична употреба

-Засега системот постои во еден примерок, а би можел и да ги замени сирените за известување за кои подолг период немаме вистинско решение во државата. Без сериозно прифаќање и не толку големо вложување не би можел да функционира. Во заедницата за него децата би учеле, па и возрасните за да се оствари ефектот и да профункционира, додава Секирарски.