Германски археолози откриле 9.7 милиони години стари фосилизирани заби, за кои сметаат дека можат да направат пресверт во историјата.
Остатоците од заби биле пронајдено во некогашното корито на реката Рајна, во близина на Епелшајм. Тие во голема мерка личат на оние кои му припаѓале на „Луси“, 3.2 милиони стар скелет на човечки предок пронајден во Етиопија.
Меѓутоа, тие не изледаат како да припаѓаат на било која друг вид во Европа и Азија, што го отвора прашањето дали Африка навистина е лулка на човештвото, како што досега се мислеше.
Како што пренесува магазинот Die Welt, научниците биле толку збунети после ова откритие, што дури размислувале дали воопшто да го објавуваат.
Херберт Луц, директор на Природен музеј во Мајнц и лидер на истражувачкиот тим, за локалните медиуми истакнал дека дефинитивно станува збор за заби на примати.
„Нивните карактеристики потсетуваат на оние кај забите пронајдени во Африка, кои се четири до пет милиони години помлади од фосилите ископани во Епелшајм. Ова е неверојатно откритие, но и голема мистерија“, изјавил Луц.
Градоначалникот на Мајнц потенцираше дека овие докази би можеле да ги натераат научниците да преиспитаат се што досега знаеме за човековите предци.
„Не сакам премногу да драматизирам, но сметам дека после овој ден треба да пишуваме нова историја на човештвото“, изјавил тој.
Иако постојат многу фосилни докази дека приматите живееле во Европа пред повеќе милиони години, никогаш не е потврдено дека имало хомнини на Стариот континент.
Според поестоечкиот научен консензус, модерните луѓе еволуирале на просториите на источна Африка пред 400.000 и 200.000 години, а потоа се раселиле по светот пред околу 70.000 години.