Новите Pavilion модели стигнуваат со 14, 15,6 и 17,3-инчни екрани, а Pavilion x360 моделите со 14 и 15,6-инчни дисплеи
HP одлучи пoчетокот на летото да го одбележи со претставување на нови преносни компјутери од Pavilion и Pavilion x360 серијата. Новите Pavilion модели стигнуваат со 14, 15,6 и 17,3-инчни екрани, а Pavilion x360 моделите со 14 и 15,6-инчни дисплеи.
Во двата случаја се работи за IPS екрани со HD и FHD резолуција. Како дополнителна опција ќе се нудат и екрани чувствителни на допир. Независно од избраната дијагонала на дисплејот и неговата резолуција преносниците се темелат на Интеловите и AMD процесори од седмата генерација.
Купувачите ќе можат своите нови лаптопи да ги опремат и со посилните Nvidia GeForce и AMD Radeon графички картички и до 16 GB RAM. Простор за податоци исто така нема да недостасува. Купувачите кај одредени модели ќе можат да изберат конфигурации со два уреда за податоци (256 GB SSD + 1 TB HD или 128 GB SSD + 2 TB HDD) или класична конфигурација со еден диск (512 GB SSD или еден 2 TB HDD).