Meizu официјално го претстави својот најнов премиум смартфон – Meizu 16s. Најзначајните карактеристики на телефонот се Super AMOLED дисплеј, Snapdragon 855 чипсет и систем со две камери со OIS поддршка. Единствениот дизајн на смартфонот се припишува на употребата на COF техника на спојување со агли со голем радиус.
Meizu 16s има 6.2-инчен FHD+ Super AMOLED екран, со сензор за отпречаток од прст вграден во екранот. Meizu истакнува дека со Samsung склопил партнерство за да испорача дисплеј со висок квалитет, кој се фокусира на минимизирање на штетните ефекти на очите на корисникот. Screen-to-body односот е импресивни 91,53 проценти. Телефонот има и стерео звучници, додека селфи камерата од 20 MP пристигнува со HDR+ поддршка и портрет мод. Со ова се заклучува предната страна на уредот.
Кога е во прашање задната страна на смартфонот, 16s има систем со две камери, од кои главниот сензор е 48MP f/1.7 OIS Sony со Quad Bayer структура и секундарен 20MP f/2.6 сензор. Новиот систем на камери овозможува “Super night view”, кој претставува ноќен режим, кој може да спои до осум фотографии во една за подобрено фотографирање во услови на слабо осветлување.
Поврзани артикли