Производителите на паметни телефони Lenovo и ZTE ќе ги претстават своите 5G уреди до крајот на април, додека LG ќе задоцни со V50 5G поради технички проблеми.
Иако трката, која го понуди првиот 5G паметен телефон во светот завршила скоро истовремено со лансирањето на Samsung Galaxy S10 5G и Motorola 5G Moto Mod for Moto Z3, вториот круг на предвремените 5G уреди пристигнуваат наскоро, иако е малку нејасно колку добро ќе работат.
Кинескиот Lenovo и ZTE потврдиja дека само неколку дена се оддалечени од лансирањето на новите 5G телефони, додека јужнокорејскиот LG го одложи лансирањето на V50 ThinQ 5G моделот, повикувајќи се на технички проблеми во последен момент.
Се очекува Lenovo Z6 Pro да биде лансиран на 23 април. ZTE, кој е забранет во САД за операторите, исто како и Huawei, својот Axon 10 Pro треба да го претстави кон крајот на април или почетокот на мај. Јужнокорејскиот LG ќе задоцни со својот V50 5G.
Сите наведени телефони ќе имаат најмоќни процесори, како што е Snapdragon 855 кој е оспособен за поддршка на најсовремената мобилна мрежа.
Извор: PC Press