Компанијата LG регистрираше нов патент кој сигурно ќе им се допадне на љубителите на селфи фотографии. Патентот кој е регистриран при WIPO-u (World Intellectual Property Office) опишува паметен телефон кој содржи три камери од предната страна на уредот.
Сите три предни камери се сместени во засекот (notch) и засега нема информации за функциите на секој од трите сензори. Гласините говорат дела тројната селфи камера вклучува една камера со класичен сензор, една камера со ултраширок сензор и една ToF камера (на пример LG G8 паметниот телефон со класична камера и ToF сензор).
Паметниот телефон од споменатиот патент има и тројна задна камера, копчиња за контрола на гласноста и покренување на Google Assistant од левата страна на уредот и копче за вклучување и исклучување на уредот, како и влез за microSD/SIM картички од десната страна на уредот.
Опишаниот уред нема 3,5-милиметарски влез за слушалки. Се верува дека се работи за наследник на актуелниот паметен телефон LG V50 ThinQ 5G, кој беше претставен во февруари.