Се повеќе се чини дека причината зошто луѓето воопшто поставуваат било што на социјалните мрежи се лајковите.
Тоа е всушност начин да добијат потврда од другите и со што популарноста се оценува според бројот на лајкови кој го добил одреден пост. Меѓутоа, со малку контроверзен потег, се чини дека Instagram тестира промена во својот кориснички интерфејс, каде што лајковите ќе бидат скриени од вашите следбеници.
Ова го откри Jane Manchun Wong, која на својот Twitter профил сподели дека постои можност во иднина, никој освен вас да не знае колку лајкови има некој ваш пост. Наместо тоа, она што во тој случај ќе може да го види јавноста е дека вашиот пост бил лајкуван, без споменување на конкретна бројка.
Instagram is testing hiding like count from audiences,
as stated in the app: "We want your followers to focus on what you share, not how many likes your posts get" pic.twitter.com/MN7woHowVN
— Jane Manchun Wong (@wongmjane) April 18, 2019
Се работи за прилично контроверзна одлука, бидејќи голем број инфлуенсери на социјалните мрежи се потпираат токму на бројот на лајкови, за да покажат колку се популарни и со што можат да ги контролираат цените, со кои ги наплаќаат адверторијалите и слично. Меѓутоа, Instagram има интересна точка на гледиште која гласи: “Сакаме вашите следбеници да се фокусираат на она што го споделувате, а не на тоа колку вашиот пост генерира лајкови”.