Acer претстави нов гејминг лаптоп под името Predator Helios 700 кој изгледа како поголема верзија од неговиот претходник Predator Helios 300.
Унапредената верзија на миленикот на Acer има подвижна тастатура и табла на допир кои можат да се извлечат кон корисникот.
Acer оваа тастатура ја нарекува Hyper Drift, не поради козметичка промена, туку поради унапредените функции на системот за ладење на лаптопот. Имено, кога ќе се извлече тастатурата, лаптопот се зајакнува со дополнителните вентилатори кои спречуваат прегрејување на лаптопот.
Копчињата на тастатурата исто така се унапредени. Од Acer велат дека сега се далеку попрецизни отколку кај традиционалните модели.
Predator Helios 700 има екран со големина 17,3 инчи кој поддржува резолуција од 1080p. Лаптопот е тежок околу 5 килограми, а дебелината на уредот е 1,64 инчи.
Лаптопот работи со Gen Intel Core 9s процесор. Helios 700 може да биде конфигуриран со 64 гигабајти РАМ меморија, а поддржува SSD картичка од еден терабајт и два терабајти хард диск.
Подвижната тастатура и таблата на допир се одлични за оние кои сакаат да ја позиционираат тастатурата на нормална позиција, што му овозможува комфор на гејмерите во текот на играњето игри.
Заедно со Helios 700, Acer најави и унапредување на спецификациите на постоечкиот Helios 300 модел кој ќе го добие процесорот Intel Gen Core 9-та генерација и дисплеј од 144 Hz.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли