Оваа недела Sharp го демонстрираше својот прв 31,5-инчен 8K HDR дисплеј, која на корисниците им нуди резолуција од 7680 x 4320 пиксели и стапка на освежување од 120 херци. Во споредба со денешните 4K 60 Hz монитори, овој екран има четири пати повеќе пиксели и го освежува екранот двојно побрзо, што на мониторот му овозможува да испорача осум пати повеќе пиксели по секунда.
Sharp го креираше мониторот со помош на својата IGZO технологија, нудејќи 800 нита осветлување за HDR содржините. Претходните 8K 120 херци дисплеи на компанијата Sharp бараа осум DisplayPort 1.2 кабли за работа, додека денешните DisplayPort 1.4 кабли овозможуваат намалување на четири кабли, или дури и помалку доколку се користат DisplayPort 1.4 Display Stream Compression 1.2 функциите.
Sharp прикажа и 8K 120 Hz All-in-One десктоп прототип. Во овој случај, AiO природата на уредот овозможува да се намали замрсеноста на каблите.
Поврзани артикли