Според најновите податоци, се чини дека услугата на Apple за стриминг на музика е многу успешна на домашниот американски пазар.
Според Wall Street Journal, Apple Music моментно во САД брои 28 милиони претплатници, додека досега водечкиот Spotify е на второ место со 26 милиони претплатници. Се работи за водство, кое засега е ограничено само на американскиот пазар, иако Apple забрзано расте на глобалниот пазар на сервиси за стриминг на музика.
Spotify има цврсто водство со 96 милиони претплатници, додека Apple Music на глобално ниво засега има 56 милиони претплатници. Месечниот раст на бројот на претплатници на Apple Music беше помеѓу 2,4 и 2,8 проценти, додека Spotify забележа месечен пораст на бројот на претплатници, кој беше помеѓу 2 и 2,3 проценти.
Во меѓувреме, Spotify настојува да привлече нови корисници со нови претплатнички пакети, како што е “Premium Duo”, кој истовремено можат да го користат две лица.