Информациите за Oppo Reno 10X Zoom телефонот кружат на интернет веќе некое време. Кинеската компанија веќе го потврди датумот на објава на смартфонот (24. април), а сега имаме и официјални прес рендери од уредот.
Првиот поглед на нацррите на Oppo Reno открива систем со три камери, од кои две се кружни. Третата, која е сместена во дното е со правоаголен облик, а причина за ова е за да се имплементира поголем 48 MP сензор.
Од предната страна е видлив полн екран, без засеци и отвор за предната камера. Ова дополнително ги потврдува информациите за 93,1% screen-to-body однос, кој претходно беше споменуван. Долната рамка има дебелина од 3,4 мм, додека од страните рамките се дебели 1,49 мм.
Според изворите, Oppo Reno 10X Zoom ќе биде достапен во Fog Sea Green, Extreme Night Black, Mist Powder и Nebula Purple варијанти.