Од Apple проценуваат дека вкупната штета изнесува речиси 900 илјади долари.
Двајца кинески студенти смислија интересна измама и го оштетија Apple за стотици илјади долари, стои во обвинението подигнато во американската држава Орегон.
Во период од две години, Yangyang Zhou и Quan Jiang увезувале во САД илјадници фалсификувани iPhone уреди од Хонг Конг. Потоа ја искористиле политиката на Apple за замена на неисправните уреди со исправни и им ги испратиле фалсификатите со приговор дека не можат да се вклучат.
Од Apple, како замена им испратиле нови, оригинални iPhone уреди. Студентите потоа овие уреди ги испраќале во Кина, каде што нивниот соработник ги продавал, а ним на американски сметки им ја уплаќал заработката.
Според официјалните податоци, студентите го оштетиле Apple речиси за 900 илјади долари, а случајот е откриен, кога припадниците на американската царина забележале и заплениле една пратка на лажни iPhone уреди од Кина.
Students' iPhone scam reportedly takes Apple for $900K https://t.co/BzEgyXirHC pic.twitter.com/oPfh274w2c
— CNET (@CNET) April 6, 2019