Веќе знаеме дека Samsung Galaxy A90 ќе има pop-up камера. Меѓутоа, новите 3D рендери и видео покажуваат прилично храбар дизајн. Телефонот има слајдер кој се издигнува од уредот со својата двојна камера, која потоа може да се ротира за да стане селфи камера.
Дојавувачот @IceUniverse овој дизајн го нарекува “речиси целосно точен”. Пред околу една недела @OnLeaks објави твит во кој истакна дека Galaxy A90 има слајдер со ротирачка камера.
Ваквиот систем има многу предности – креирање селфи фотографии со задната камера, а предниот екран е Infinity Screen без засек (notch). Недостаток е тоа што смартфонот има два подвижни дела (што е за два пати повеќе отколку кај поголемиот број други уреди.)
Samsung Galaxy A90, исто така, нема да ја има опцијата за отклучување со лице, но затоа има вграден сензор за отпечатоци од прсти во екранот. Galaxy A серијата е позната по експериментирање – ни го донесе првиот телефон со четири камери на задната страна, исто така е прва линија на Samsung со punch hole камера и првиот екран со засек.
Ќе мораме да го почекаме 10. април за да се увериме во веродостојноста на новите фотографија и видеа, како и за да дознаеме други детали за Galaxy A90 моделот.