Од компанијата известуваат дека воведувањето на оваа опција е резултат на прославувањето на 30 годишнината на овој формат
Facebook конечно воведе опција за GIF во коментарите. За да стават GIF коментар, корисниците тоа ќе можат да го направат со копчето кое ќе биде веднаш до emoji копчето во полето за коментирање, а од таму можат да пребаруваат каков GIF сакаат да постават.\
Од компанијата известуваат дека воведувањето на оваа опција е резултат на прославувањето на 30 годишнината на овој формат, создаден од Стив Вилхајт на 15 јуни 1987 година. Популарноста на форматот опстојува до ден денес во времето на интернетот, поточно на социјалните мрежи, како интересен начин за прикажување на кратки анимации со едноставна технологија. Исто така, прославата ќе вклучува соработка со популарниот сервис Giphy.
https://www.facebook.com/facebook/videos/10155918219781729/
Како што објави Facebook, GIF опцијата во коментарите ќе биде достапна од денесka за сите луѓе ширум светот на оваа социјална мрежа, а најпрво треба да започне со појавување на мобилните уреди, а подоцна и на веб-пребарувачите за десктоп компјутери и лаптопи.
Исто така, GIF сликите се достапни за користење на Messenger од 2015 година, па Facebook објави неколку интересни факти поврзани со овие слики.
- Корисниците на Messenger имаат пратено скоро 13 милијарди GIF слики во последната година, односно приближно 25.000 слики секоја минута
- Праќањето на GIF слики преку Messenger е зголемено за 3 пати изминатата година
- Најголем број на GIF слики е испратен на 1 јануари 2017 година, односно испратени се повеќе од 400 милиони слики.