Кога роверот Mars 2020 за две години ќе слета на Црвената планета со себе ќе го носи и новиот модел на Марс хеликоптер. Ова е првото летало потешко од воздухот кое ќе лета на површината на друга планета.
Со тежина од 1,8 килограми, овој мини хеликоптер NASA ќе го искористи за воздушни снимања на теренот. Тој во моментов е во процес на дооформување и прилагодување на атмосферските услови кои го очекуваат на Марс.
Изработка на хеликоптерот во екстремно тенка атмосфера е само половина од битката, велат истражувачите на NASA.
„За вистинско симулирање на лет на Марс, треба да одземеме две третини од гравитацијата на Земјата, бидејќи гравитацијата на Марс е многу послаба”,изјави Теди Цанетос, еден од луѓето кои го тестираат хеликоптерот.
Ова бара систем за гравитација изграден со помош на моторизирано јаже поврзано со врвот на хеликоптерот за да обезбеди непречено затегнување, што е еквивалентно на силата на гравитацијата на Црвена планета.