Досегашната Извршна директорка на Yahoo, Мариса Маер си поднесе оставка по комплетирање на зделката
Американската телекомуникациска компанија Verizon вчера соопшти дека ја заврши зделката за преземање на Yahoo за 4,48 милијарди долари и дека Мариса Маер, извршната директорка на компанијата поднела оставка. Преземањето го означи крајот на Yahoo како самостојна интернет компанија, технолошкиот пионер кој порано достигнуваше вредност повеќе од 100 милијарди долари.
Безжичниот оператор во Америка Verizon ќе го стави Yahoo во комбинација со AOL. Новата ќерка-фирма на Verizon наречена Оат, ќе ја предводи Тим Армстронг, извршниот директор на AOL. OAT предводи повеќе од 50 брендови вклучително Huffington Post, TechCrunch и Tumblr.
„Со оглед на промените на мојата улога, ќе ја напуштам компанијата“, пишува во мејлот што Маер го испрати до вработените, а потоа истото го објави и на Tumblr. „Сепак, сакам секој од вас да знае дека сум полна со носталгија, благодарност и оптимизам“.
Reuters објави минатата недела дека Verizon планира да укине околу 2000 работни места, или 15 отсто од 14 000 вработени во Yahoo и AOL.
Yahoo намали 15 отсто од својата работна сила минатата година, а АОЛ отпушти 500 вработени.