Евалдас Римасаускас од Литванија е обвинет дека ги измамил Facebook и Google за повеќе од 120 милиони долари.
Римасаускас со своите неименувани соработници испраќал лажни сметки од калифорниските технолошки гиганти и така во периодот помеѓу 2013 и 2015 година собрал 122 милиони долари.
Римасаускас и соработниците се претставувале како „Куанта Компјутер“, хардверска фирма со седиште на Тајван, која соработувала со Фејсбук и Гугл, пишува „Ројтерс“.
Покрај сметките, испраќале и купишта хартии и мејлови за потврда за барање на исплата со цел да бидат што е можно помалку сомнителни. На сите документи биле фалсификувани потписите на надлежните вработени и печатите на Facebook и Google.
50-годишниот Римасаускас имал отворени сметки во шест земји – на Кипар, во Литванија, Унгарија, Словачка, Летонија и Кина.
Римасаускас дури неодамна беше откриен. Прифати да врати 50 милиони долари, но и понатаму му се закануваат тужби за измама, кражба на идентитет и перење пари.
Тој може да добие до 30 години затвор, а судењето ќе се одржи кон крајот на јули годинава.
Поврзани артикли