Бројот на електрични автомобили на патиштата во светот се зголеми на два милиона во текот на минатата година, покажуваат податоците на Меѓународната агенција за енергетика (ИEA). Ваквата тенденција се јавува само по пет години, откако првиот електромобил се симна од производната линија.
Најголем број од електричните возила, 40% од вкупната светска продажба е во Кина. Најчест учесник во сообраќајот електричните возила се во Норвешка. Околу 29% од сите возила се електрични. Главна причина за олкавото учество се предностите кои ги добиваа возачите на електрични возила, како бесплатни паркинзи или можност за возење во автобуска лента и поевтино регистрирање. Дополнително Норвешка и субвенционира дел од возилата.
Клучна за поголемата продажба на електричните возила е цената. За намалување на цената може да помогне зголеменото производство на електрични возила. Ова ќе овозможи поевтино да производство на батериите, а со тоа и би се намалила севкупната цена на возилото.
До 2020 година бројот на електрични возила на улиците би можел да биде помеѓу 9 и 20 милиони. Tesla планира 1 милион електрични возила до 2020 година, а Ford ветува 13 нови модели на електрични возила до 2020 година, вели извештајот на IEA кој го сподели ArsTechnica.
ИЗВОР: ArsTechnica