Познатиот германски програмер на видео игри, Crytek, на Game Developers Conference во Сан Франциско, ја прикажа целата „магија“ на ray-tracing технологијата и тоа во 4К резолуција при 30 fps.
За тоа им послужиле графичките карти на AMD и Nvidia, а тоа што е најинтересно, не станува збор за најскапите RTX модели, туку повисоката класа на мејнстрим графичките карти.
Демото не води во футуристички град со облакодери, светлечки реклами и улица после дожд, нешто што претставува совршено опкружување во кое можеме да го видиме реалистичното амбиентално осветлување и ray-tracing на дело.
Ова видео е направено со помош на AMD Vega 56 графичката карта, но тука се тестирани масовно користените „мејнстрим“ графички карти, со што во пракса беше покажано дека за врвно гејминг искуство, нема да ви биде потребна скапа графичка карта.
Извор: Zimo.hr