Европа го доби својот прв подводен ресторан и тоа на северноатлантскиот јужен брег на Норвешка.
Ресторанот „Андер” (во превод „под“ како збор-предлог), на своите гости им нуди прилика – додека вечераат, да уживаат во панорамската глетка во подводниот свет на морето. Половина од ресторанот е под вода, е другиот дел – над површината.
Концептот на ресторанот нуди фиксно мени за дегустација коешто се менува зависно годишните времиња. Има капацитет од 40 лица, а свеченото отворање е закажано за почетокот на април. Првите шест мессеци се целосно резервирани.
За вечера ќе треба да се издвои околу 230 евра, а ако во нарачката е вклучено и вино, цената достигнува и до 400 евра, бидејќи во земјата има висок данок на алкохол.