Од 1 јули 2021 година, автомобилите ќе треба да бидат „гласни“
Производителите на електрични возила во Европа мора брзо да решат уште еден проблем со цел нивните модели да стигнат на пазарот. Според новите стандарди на ЕУ, од 1 јули 2021 година, сите возила со електричен пгон мора да емитуваат звук со кој ќе ги предупредуваа пешаците за нивното доаѓање, пишува Automotive News.
Властите на Стариот континент бараат звукот што го емитуваат електричните возила да не ги дезориентира пешаците, туку јасно да покажува дека се приближуваат до возилото. Самите производители не сакаат да го копираат звукот на моторот со внатрешно согорување, па сега бараат алтернативи за решавање на проблемот.
На пример, Renault го опремил електричниот Zoe со акустичен систем со звучници поставени веднаш до моторот. Возачот може да избере помеѓу три режими на звук, a креаторите на звуците, инспирацијата ја црпеле од филмовите кои се класифицираат како научна фантастика.
Од друга страна, Citroen избрал микс на машки и женски вокал за својот Ami One, додека во Mercedes-AMG биле покреативни и создавањето на вештачки звук го препуштиле на музичарите од рок-бендот Linkin Park со еден услов – и хибридните и електричните модели на брендот да звучат како 12-цилиндерските мотори кои ги произведува компанијата.
Во Volkswagen планираат да создадат цела акустична библиотека, така што пешаците ќе можат да разликуваат едно електрично возило од другo по звукот. Ова значи дека урбаните hatchback возила, големите седани и теренците ќе звучат различно.
Слично гледиште имаат и во MINI, чиј директор за иновативни технологии, Естер Бејн, вели дека со текот на времето звукот ќе ја определи припадноста на електричното возило не само на одредена класа или сегмент, туку и кон одреден бренд.