Се чини дека „ji32k7au4a83” е една од највообичаените лозинки на интернет. Оваа фраза се појавила во над 140 кражби на податоци.
Роберт Оу, хардверски и софтверски инженер, ја воочил оваа комбинација од броеви и букви и одлучил да открие зошто луѓето толку често ја користат како лозинка.
Според него, корисниците на интернет од Тајван откриле дека оваа фраза всушност е честа комбинација на карактери на мандарински.
„ji32k7au4a83“ всушност се спелува како фразата „我的密碼“ на тајванската тастатура и на мандарински значи „моја лозинка“.
Исто така е интересен и податокот што дел од оваа фраза – „au4a83“ се појавил во 1.495 кражби на податоци.
Кога ќе се комбинираат овие букви и броеви на тајванската тастатура, тие значат „шифра“.