HP ја освежи својата линија мејнстрим Pavilion x360 конвертибилни модели, нудејќи нови лаптопи од 11, 14 и 15 инчи.
Најмалиот помеѓу нив, Pavilion x360 11m вклучува четиријадрен Intel Pentium Silver N5000 CPU, 4GB DDR4 RAM и 128GB SSD по цена од 400 долари. Лаптопот има 11,6-инчен екран со резолуција 1366 x 768 пиксели.
Моделите од 14 и 15 инчи пристигнуваат со Intel Whiskey Lake процесори. Pavilion x360 14 е можно да се добие со Nvidia GeForce MX130 или MX250, додека x360 15 пристигнува со AMD Radeon 535 GPU. Двата конвертибилни модела имаат тространи micro-edge рамки.
Новите лаптопи пристигнуваат и во нови бои, вклучувајќи ги Cloud Blue, Pale Gold и Natural Silver. Моделот од 11 инчи ќе биде достапенм од јуни, додека Pavilion x360 14 од април ќе биде достапен по почетна цена од 500 долари. Pavilion x360 15 ќе има цена од 800 долари.