Компанијата Toyota ќе патува на Месечината и тоа откако се здружи со Јапонската вселенска агенција JAXA за која ќе произведе самоуправувачки ровер, а кој ќе слета на површината на Месечината во 2029.
Станува збор за транспортер со шест тркала кој ќе може да пренесе две лица на оддалеченост од 10.000 километри благодарејќи на соларната енергија и технологијата на горивните ќелии на Toyota.
Роверот ќе биде голем како два минибуси, а неговата внатрешност ќе понуди 13 квадратни метри простор во кој ќе може без проблем да престојуваат астронаути па дури и да ги соблечат своите костими. Роверот ќе слета на месечината пред доаѓањето на човечката експедиција и ќе патува независно за да дојде до нив.
Оваа најава доаѓа во активно време кога се истражува вселената. Помалку од седум дена компанијата SpaceX пристигна до Меѓународната вселенска станица, додека Кина исто така ги зголемува своите амбициии откако неодамна стана првата земја во светот која слета “на далечната страна на Месечината”, а открила и планови за станицата за соларна енергија во вселената.
Извор: Klix.ba