Огромни санти мраз удирале на брегот на Fort Erie во Канада, откако бура го скршила ледот во езерото Erie, а потоа реката Нијагара го донела мразот до брегот и го исфрлила на автопатот.
Снимката која ја објави The Guardian покажува колку е неверојатна и моќна природата, а многумина овој необичен настан го нарекле ледено цунами.