Судејќи според најавите, новата генерација на iPod уреди наскоро ќе биде претставена на пазарот, а постојат шанси дека тие ќе бидат со нов дизајн, многу сличен на all-screen дизајнот кај моделот iPhone XS.
Малата икона, која е откриена во iOS Beta 4 верзијата на оперативниот систем, го прикажува потенцијалниот дизајн на следната верзија на iPod уреди. На неа не се забележува Home копче, ниту пак рамки околу екранот, па експертите претпоставуваат дека се работи за all-screen дисплеј кој ќе ја опфаќа целата предна страна на уредот.
Детали околу седмата генерација на iPod засега не се достапни и Apple не излезе со информации за премиерата на овие уреди, но веќе знаеме дека компанијата закажа посебен настан за 25 март, на кој веројатно ќе биде претставена или пак ќе добиеме повеќе информации за новата верзија на iPod.
Мора да нагласиме дека овие информации за изгледот, односно дизајнот на новиот iPod не се официјални, туку поголемиот дел од нив се претпоставки. Најдобро би било да почекаме барем до 25 март, кога веројатно ќе стигне официјална потврда за овие уреди.
Исто така, недостатокот на Face ID функција и мал „notch“ на самиот врв на дисплејот дополнително фрлаат сомнеж над потенцијалниот „нов“ дизајн на iPod. Оваа слика, колку и да изгледа интересно, сепак не значи дека е автентична и официјална потврда од Apple за нивниот нов производ.
Извор: B92.net