Јапонската компанија Nissan има позитивна вест во инаку тежок период за неа. Откако поранешниот шеф на компанијата, Карлос Гон се најде во затвор под обвинение за корупција, стигна информација дека моделот Nissan Leaf стана првиот е-автомобил, кој стигна до 400.000 продадени единици.
По нешто повеќе од осум години од промоцијата на моделот во декември 2010 година, побарувачката на Nissan Leaf е зголемена. Компанијата забележа 200.000 продадени примероци во декември 2015 година, што значи дека околу половина oд новите сопствениците на Nissan Leaf купиле модел во последните три години. Околу 90 проценти од овие продажби се концентрирани само во три региони – САД со 90.000 продадени Nissan Leaf автомобили, Јапонија со продадени 50.000 примероци и Европа со уште 40.000 примероци.