Sony има нова маркетиншка стратегија и нов метод на именување на своите уреди. Новите модели од горниот сегмент ја носат ознаката Xperia 10, а ги карактеризира 21:9 екран. Долниот сегмент на пазарот е покриен преку Xperia L3 моделот, кој го задржува стариот систем на именување и поскромните карактеристики.
Sony Xperia 10 Plus претставува своевидна достапна верзија на премиум Xperia 1 модел на Sony. Телефонот има 6,5-инчен IPS LCD екран, со 21:9 однос на страници и 2520 x 1080p резолуција. Батеријата е со капацитет од 3000 mAh.
На задната страна се наоѓаат две камери, со 12 MP главен модул (1/2.8″ сензор) и 8MP телефото камера (2x зумирање). Телефонот може да снима 4K видео во 16:9 и 21:9 формати, а има и SteadyShot електронска стабилизација. Од предна страна е 8MP селфи камера.
Сите уреди ги покренува Snapdragon 636 чипсет, во комбинација со 4GB RAM и 64 GB простор за складирање (плус microSD за проширување до 512 GB).
Sony Xperia 10 е покомпактен модел со 6-инчен 1080p+ екран и 21:9 однос на страници. Системот на камери на задната страна има 13MP + 5MP сензори, а и понатаму може да снима 4K видео и има SteadyShot. Тука е истата 8MP предна камера.
Чипсетот е сведен на Snapdragon 630, RAM меморијата е со капацитет 3GB, додека просторот за складирање од 64 GB може да се прошири со помош на microSD картичка. Капацитетот на батеријата е 2870mAh.