Египетските археолози открија античка работилница за изградба на бродови. Таа била изградена во ерата на Птоломеј (332 п.н.е. – 30 п.н.е.). на полуостровот Синај.
Откритието е дотолку поголемо, бидејќи станува збор за најстарата ваква работилница откриена во светот, а од која се сочувани два од доковите за градба и поправка. Некогаш, една од притоките на Нил минувала близу до работилницата, но со текот на времето станала плитка, па дури и пресушила, по што бродоградилиштето било затворено.
Истражувачите на местото исто така откриле остатоци од дрвени греди, бронзени и железни делови и фрагменти од глинени садови.Истражувањата се вршени на територијата на историскиот локалитет Тел Абу Сафи на север од Синај. Се верува дека местото некогаш било римската тврдина Сила.