Пациентка од Шведска со ампутирана рака, стана прв човек што успешно ја контролира новата, најпрецизна роботска протеза досега.
Со овој револуционерен потфат, титаниумски импланти се поврзани со две коски од подлактицата на пациентката, од каде што електроди се поврзани со нервите и мускулите кои испраќаат сигнал до роботската рака и овозможуваат прецизни движења, пренесува „Сајнс дејли“.
Оваа нова технологија е развиена во Шведска, од страна на тим предводен од доктор Макс Ортиз Каталано од компанијата „Интегрум АБ“, која го финансира проектoт.
Обичните протези главно се базираат на електроди кои се поврзани со кожата на корисницитe, а движењата се иницираат со движење на мускулите.
„Овој исчекор го направивме благодарение на фактот што успеавме да им овозможиме на пациентите да користат вграден нервно-мускулен систем за контрола на своите протези, така што користењето не ги отежнува нивните секојдневни обврски“, истакнува доктор Ортиз.