Антимонополното тело на Германија побара од платформата Facebook да прибира помалку информации за корисниците на мрежата доколку истите не дале согласност.
Регулаторното тело почна истрага околу социјалната мрежа поради сомненија дека голем број корисници не се свесни за активностите на компанијата.
Истрагата вклучува информации прибрани од извори, како и други апликации што се во сопственост на Facebook, вклучувајќи ја и Instagram.
Компанијата изјави дека ќе поднесе приговор со образложение дека Facebook може да продолжи да прибира податоци, но не смее да ги комбинира со главниот профил на корисникот доколку корисникот не даде согласност.
Регулаторното тело додава дека задолжителното поле за штиклирање со кое корисникот дава согласност за користење на неговите лични податоци не е доволно за да се процесираат информации од таков карактер.
Facebook има еден месец да упати приговор пред оваа одлука да стапи во сила.
Доколку одлуката стапи во сила, компанијата е должна да изнајде техничко решение во рок од 4 месеци.